Студентски блог: Обука на умот – Стефанија Арсова

Се одржа првиот дел „Од идеја“ од циклусот онлајн предавања на тема „Академско пишување“ за студенти на МСУ
4 февруари 2021
Повик до сите студенти за учество на рубриката „Студентски блог“
6 февруари 2021

Студентски блог: Обука на умот – Стефанија Арсова


Обука на умот


 од Студентски блог – студентски размислувања


„Секој мисли како да го промени светот, а никој не мисли како да се промени себеси“
– Лав Толстој

Пишува: Стефанија Арсова, студентка на Факултетот за психологија при МСУ

Секоја година, секој први, секој понеделник, правиме листа и си поставуваме нови цели и промени кои сакаме да ги исполниме. И баш кога мислиш дека си научил како да живееш, животот ти се менува. Најголемиот проект на кој некогаш ќе работите сте самите Вие. Секој момент е шанса за нов почеток. Со секој нов почеток Вие бирате да бидете подобра и поуспешна верзија од себеси.

Која ми е поентата? Она што повеќето луѓе не го сфаќаат е дека можат да контролираат како размислуваат и како се чувствуваат. Не е страшно ако не успеете. И не е страшно ако не ги исполните очекувањата на другите. Важно е да не се откажувате од работата на себе, бидејќи најголемиот неуспех е откажувањето.

Сега, еве го она што сакам да го објаснам: Кога нашиот ум е „слаб“, ситуацијата преминува во проблем. Кога нашиот ум е „балансиран“, ситацијата преминува во промена. Кога нашиот ум е „силен“, ситуацијата преминува во можност. Ова е игра на умот. Бидете силни.

Како да го обучиме нашиот ум да биде силен? Обидете се да направите позитивни чекори. Мислете позитивно. Дејствувајте позитивно. Читајте книги за позитивен начин на размислување. Правете работи што ве исполнуваат и што ве прават среќни. Вложувајте во себе. Трудете се. Препуштете се на луѓе кои ви дозволуваат да цветате. Бидете свесни за својата вредност… и бидете задоволни од самите себе. Така сигурно ќе бидете силни. Затоа што позитивниот живот ги следи само оние кои работат на тоа. Се’ друго се приказните на умот.

Процесот на себеградење е долг и секогаш има работа. Сами на себе сте си поклон. Чувајте се подобро. Сакајте се повеќе. Почитувајте се бескрајно. Кој, ако не вие?

 


 


Рубриката студентски блог е иницијатива на Здружението на студенти на Меѓународен Славјански Универзитет. Сите студенти при МСУ кои сакаат своето мислење да го изразат преку кратки есеи, можат својот пишан збор да го испратат на blog@msu.edu.mk.

*Сите испратени дела ќе бидат прегледувани од наш стручен кадар. Прифатените дела ќе бидат објавени на нашата официјална страна и секоја среда ќе биде објавуван по еден студентски блог во Битолски весник.