Известување за упис на нов семестар и почеток на предавањата

Повик до сите студенти за учество на рубриката „Студентски блог“
6 февруари 2021
Се одржа вториот дел „До дело“ од циклусот онлајн предавања на тема „Академско пишување“ за студенти на МСУ
9 февруари 2021

Известување за упис на нов семестар и почеток на предавањата

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека согласно Академскиот календар, уписот на летниот семестар (пополнување семестрален лист) треба да се спроведе во периодот од 8-ми до 13-ти февруари. Поради состојбата со корона вирусот, немате обврска физички да поднесувате семестрални листови. Во текот на наредните неколку денови ќе бидете контактирани телефонски од менторите или од Службата за Е-учење и ќе ви бидат соопштени сите детали за пополнување на семестралниот лист.

Предметите кои ќе ги одберете ќе бидат доделени на вашите кориснички имиња на Е-индекс и Е-учење.

Предавањата започнуваат на 15-ти февруари (понеделник), а распоредот ќе биде објавен најдоцна до петок, 12-ти февруари. Линковите за предавањата ќе ги добиете од вашите ментори. Доколку не ги добиете линковите до 12-ти февруари, можете да се обратите на електронската адреса на Е-учење – eucenje@msu.edu.mk.