На 23 септември 2021 на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе беше потпишан Договор за соработка со Универзитетот „Фехми Агани“ – Ѓаковица, Република Косово.
Договор беше потпишан од проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен Одбор на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и проф. д-р Артан Нимани, ректор на универзитетот „Фехми Агани“.
Со потпишување на договорот двете институции сакаат да започнат поблиска академска соработка. Двете институции се согласија соработката да ја реализираат преку студентски размени и размена на кадар, заедничка работа на Еразмус+ проекти, итн.