Денес на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе беше остварена продуктивна средба со нашиот соработник м-р Навдип Пураник од Индија.
Како дел од нашата тековна соработка, договорено е делегација од Меѓународен Славјански Универзитет да посети најмалку 5 универзитети во Индија во март 2023 година! Со посетата на Индија ќе ги зајакнеме постоечките партнерства, но и ќе потпишеме договори за нови партнерства.
Веруваме дека меѓународната соработка е клучна за унапредување на високото образование. Нашата посета на Индија е доказ за нашата посветеност да ги негуваме односите со универзитетите и институциите ширум светот. Работејќи заедно, можеме да создадеме нови можности за студентите и наставниот кадар.
М-р Навдип Пураник е докторанд на нашиот партнерски универзитет – Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана. Во рамките на неговата посета тој ќе одржи предавање за студентите на МСУ на тема Дигитална трансформација.