Јавен повик за Петтите ОРАТОРСКИ ДЕНОВИ на МСУ • 2019

Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ на презентација на своите наставни програми пред матурантите од Валандово и Гевгелија
1 март 2019
Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ на презентации во Кавадарци и Неготино
4 март 2019

Јавен повик за Петтите ОРАТОРСКИ ДЕНОВИ на МСУ • 2019

Факултетот за правни науки при Меѓународен Славјански Универзитет ,,Гаврило Романович Державин“ Свети Николе – Битола објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за Петтите ОРАТОРСКИ ДЕНОВИ кои ќе се одржат на 18 април 2019, на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола.


Краток преглед:


  • може да учестуваат студентите од сите универзитети во Република Северна Македонија
  • студентите може да студираат на прв или втор циклус студии
  • темата е „Клучни говори од историјата“
  • онлајн пријавување до недела, 10.03.2019
  • прелиминарна аудиција: петок, 05.04.2019 од 12:00 часот во Свети Николе
  • финале: четврток, 18.04.2019, 19:00 часот во Битола
  • награди за прво, второ и трето место


Чекор по чекор


Годинава темата на настанот е „Клучни говори од историјата“.

  1. Од студентите се очекува да подготват познат историски говор или извадок од говор, не подолг од 5 минути. Содржината на говорот може да биде еден од трите видови говорништво (судско/форензично, политичко/делиберативно и пригодно/ епидеиктично). Избраниот говор треба да биде прикачен во апликацијата која е дадена подолу.
  2. Може да се аплицира најдоцна до 10.03.2019.
  3. Комисијата го разгледува говорот и потврдува дали говорот ги исполнува условите најдоцна до 22-ри март 2019.
  4. Кандидатите кои ќе бидат избрани, ќе бидат поканети на прелиминарна аудиција која ќе се одржи на МСУ во Свети Николе на 5-ти април 2019.
  5. Според покажаниот успех на прелиминарната аудиција,  комисијата може да го одобри или одбие учеството на кандидатот на финалето на настанот.
  6. Кандидатите кои ќе покажат успех на прелиминарната аудиција ќе можат да продолжат во финалето.
  7. Комисијата во финалето избира тројца победници.

Комисија:


Членови на комисијата се:

  • проф. д-р Иван Ефремовски, Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“
  • доц. д-р Гергана Дјанкова, Југозападен универзитет „Неофит Рилски“ – Благоевград
  • доц. д-р Јагода Митревска, Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“
  • двајца членови од Великотрновскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Велико Трново

Награди:


Прво место: Златна плакета, лаптоп и комплет книги
Второ место: Сребрена плакета, таблет и комплет книги
Трето место: Бронзена плакета и комплет книги


Пријавување:


Сите заинтересирани студенти кои студираат на кој било универзитет во Република Северна Македонија можат да се пријават најдоцна до 10.03.2019 со пополнување на следнава апликација:

Апликација за 5-ти ОРАТОРСКИ ДЕНОВИ • 2019

Лични податоци за кандидатите:

Доколку живеете во различни населени места, Ве молиме наведете ги и двете. Прво наведете го местото на живеење на првиот кандидат, потоа на вториот.

Овој број ќе биде користен за да стапиме во контакт со Вас доколку има технички проблеми со материјалите кои ни ги имате доставено.

Доколку учите во различни училишта наведете ги и двете заедно со градовите. Прво наведете го училиштето на првиот кандидат, потоа на вториот.

Browse...

Максимална големина на документ 5 MB. Дозволени формати се .pdf, .doc и .docx.

Please wait...

Имате прашања?


Кандидатите кои имаат желба да учествуваат на ораторските денови може да се консултураат со координаторите на следнава електронска адреса: oratorskidenovi@msu.edu.mk.