Обука Безбедност при работа со електрична и громобранска инсталација

Студенти од МСУ на фестивалот «Друзья, прекрасен наш союз!»
13 септември 2018
Меморандум за соработка со Центар за социјална работа – Битола
26 септември 2018

Обука Безбедност при работа со електрична и громобранска инсталација

Денес на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе се одржа обука на тема Безбедност при работа со електрична и громобранска инсталација.

Обуката беше наменета за лица кои работат во областа на електроодржување на машини, уреди, постројки, лаборатории, компјутерски лаборатории; на проектирање и развој на електроенергетски системи, специјални машини и електронска опрема; за стручни лица од областа на безбедност и здравје при работа.

Темите кои беа опфатени на оваа обука се:

  • Електричната енергија како извор на опасност за појава на пожар и мерки на претпазливост во работната средина;
  • Заземјување – погонско и громобранско;
  • Манипулации со комутационата опрема во разводни постројки на трафостаници

Предавачи беа проф. д-р Росе Смилевски, професор од Факултетот за безбедносно инженерство од Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и
проф. д-р Арсен Арсенов, редовен професор во пензија од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) – Скопје.

Сите учесници на обуката добија Уверение за учество. Учесниците со лиценца за вршење стручни работи од безбедност и здравје при работа од Министерство за труд и социјална политика ќе бидат бодувани со 10 бода.