Денес на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе се одржа обука на тема Безбедност при работа со електрична и громобранска инсталација.
Обуката беше наменета за лица кои работат во областа на електроодржување на машини, уреди, постројки, лаборатории, компјутерски лаборатории; на проектирање и развој на електроенергетски системи, специјални машини и електронска опрема; за стручни лица од областа на безбедност и здравје при работа.
Темите кои беа опфатени на оваа обука се:
Предавачи беа проф. д-р Росе Смилевски, професор од Факултетот за безбедносно инженерство од Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и
проф. д-р Арсен Арсенов, редовен професор во пензија од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) – Скопје.
Сите учесници на обуката добија Уверение за учество. Учесниците со лиценца за вршење стручни работи од безбедност и здравје при работа од Министерство за труд и социјална политика ќе бидат бодувани со 10 бода.