Студенти од МСУ на фестивалот «Друзья, прекрасен наш союз!»

Отворен ден на Економскиот факултет при Универзитетот од Љубљана
30 август 2018
Обука Безбедност при работа со електрична и громобранска инсталација
14 септември 2018

Студенти од МСУ на фестивалот «Друзья, прекрасен наш союз!»

Четврта година по ред студенти од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ земаат учество на меѓународниот фестивал „Друзья, прекрасен наш союз”.

Во периодот од 9-ти до 15-ти септември, во Варна (Бугарија) се одржува Седмиот меѓународен фестивал за студенти «Друзья, прекрасен наш союз!». Студентите од нашиот универзитет оваа година се единствена делегација од Македонија, и на фестивалот учествуваат во заеднички состав со студенти од Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски”.

Фестивалот е организиран од Фондацијата Руски мир, фондацијата Одржлив развој за Бугарија и СОК Камчија, со поддршка на Министерството на образованието и наука на Бугарија. На фестивалот оваа година учество земаат повеќе од 300 студенти кои доаѓаат од 22 различни земји, меѓу кои се Велика Британија, Виетнам, Финска, Чешка, Хрватска, Србија, Бугарија, Италија, Полска, Молдавија, Романија, Германија, Русија, Словачка, Јапонија и др.