Меѓународен Центар за Славјанска Просвета, официјалната издавачка куќа на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Институтот за култура и уметност при МСУ организираа промоција на книгата „Психологијата како наука и професија“ од проф. д-р Мирослав Пендароски.
Промоцијата се одржа на 16.11.2021 со почеток од 12:00 часот во просториите на МСУ пред ограничена публика, согласно протоколите. Настанот беше организиран комбинирано и истовремено можеше да се следи и онлајн, преку платформата Zoom.
Настанот го отвори водителката Александра Велинова, а промотори беа проф. д-р Соња Ризоска Јовановска и доц. д-р Ана Чучкова од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин.