Одборот за евалуација на високото образование во посета на МСУ во Свети Николе

Конкурс за мобилност на студенти во рамки на програмата Еразмус+
8 ноември 2021
На МСУ во Свети Николе промовирана книгата „Психологијата како наука и професија“ од проф. д-р Мирослав Пендароски
17 ноември 2021

Одборот за евалуација на високото образование во посета на МСУ во Свети Николе

Денес членови на Одборот за евалуација на високото образование, предводени од претседателката проф. д-р Марина Митревска го посетија Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе.

Целта на посетата беше размена на меѓусебни искуства, идеи и предлози во насока на подобрување на процесот на евалуација и самоевалуација.

На работната средба присуствуваа претседателот на Управен Одбор, проф. д-р Јордан Ѓорчев, ректорката, проф. д-р Ленче Петреска, претседателката на Сенатот на МСУ, проф. д-р Павлина Стојанова, проф. д-р Никола Поповски, проф. д-р Живко Митревски и м-р Борче Серафимовски, заменик претседател на Управен Одбор.