На МСУ се одржаа третиот и четвртиот дел од обуките за Европско финансирање и Европски програми

Борјан Јовановски на Европскиот куп Урои во Романија
10 јуни 2019
На МСУ се одржа првата седница на Конференцијата на Приватни Високообразовни Установи
11 јуни 2019

На МСУ се одржаа третиот и четвртиот дел од обуките за Европско финансирање и Европски програми

На 8-ми јуни 2019 година, сабота, на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе, се одржаа третиот и четвртиод дел од обуките за Европско финансирање преку Европски програми.

Предавањата беа за:

  1. Европските фондови и програми за поддршка на развојот наТУРИЗАМ, КУЛТУРА, ОБРАЗОВАНИЕ и СПОРТ во Република Северна Македонија и
  2. Европските фондови и програми за МАЛИ и СРЕДНИ БИЗНИСИ во Република Северна Македонија.

Предавањето беше поделено на неколку дела, на следниве теми:

  •  Преглед на главните европски програми за грантови за поддршка на малите и средни претпријатија (МСП).
  • Horizon 2020 (Инструмент за мали и средни претпријатија), COSME и други програми директно управувани од Европската комисија и Европската Унија, кои се применуваат директно во Брисел. Области, мерки, отворени и очекувани повици за предлог проекти во областа на МСП. Она што не чека во следниот програмски период 2021 – 2027.
  • Erasmus Plus и прекуграничните и транснационалните програми за соработка во поддршка на претприемништвото и МСП
  • Инструментите за предпристапна поддршка IPA II и IPARD II, донатори за различни активности во поддршка на претприемништвото и МСП.

Предавачи беа Веселин Халачев – претседател на ОБК, член на бордот на директори на Европската Алијанса на малиот бизнис (ESBA) – Брисел, со ресор „Европски програми и европски
фондови” и Кремена Димитрова – член на бордот на директори на ОБК и директор на Дирекцијата за европски фондови на ОБК.