На МСУ проектиран филм со излагање на академик Катица Ќулавкова

На МСУ во Битола гости од програмата на Еразмус +
21 мај 2019
Испит по актерска игра 2
22 мај 2019

На МСУ проектиран филм со излагање на академик Катица Ќулавкова

Филозофското друштво на Р. С. Македонија и Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ заеднички во организираа филмско – филозофска вечер која се одржа како дел од 9-тиот ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ.

На овој настан беше проектиран филмот „За телото и душата“ (On Body and Soul / Teströl és lélekröl, 2017) во режија на Илдико Ењеди / Ildikó Enyedi (HU).

Проекцијата на филмот беше проследена со излагање на тема: „Интимната комуникација меѓу телото и душата“ од Акад. Катица Ќулавкова (МАНУ), а потоа и дискусија со присутните гости во врска со филмот.