Меѓународен Славјански Универзитет и Универзитетот „МБ“ од Белград потпишаа Меморандум за соработка, означувајќи го почетокот на една нова фаза во меѓусебната соработка. Меморандумот беше потпишан на кампусот на Меѓународен Славјански Универзитет во Св. Николе во април 2024 година, а потписници на меморандумот беа д-р Живанка Миладиновиќ Богавац, проректор на Универзитетот „МБ“, и проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен Одбор при МСУ.
Овој меморандум ги отвора вратите за нови можности за размена на знаења, студентска мобилност и мобилност на наставен кадар, заеднички истражувања и проекти. Соработката помеѓу универзитетите е од суштинско значење за современото високо образование, бидејќи придонесува кон унапредување на студиските програми, промовира размена на идеи и овозможува споделување на најдобрите практики помеѓу наставниот кадар и студентите.