МСУ потпиша меморандум за соработка со Првата детска амбасада во светот Меѓаши

Известување за септемвриска сесија и почеток на наредната академска година
5 август 2019
Во Охрид одржан бесплатен семинар на тема „Како да излеземе од нашата комфорна зона“
3 септември 2019

МСУ потпиша меморандум за соработка со Првата детска амбасада во светот Меѓаши

Денес, 20.08.2019 година, во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Првата детска амбасада во светот Меѓаши.

Потписници на Меморандумот се Драги Змијанац, претседател и основач на Првата детска амбасада во светот Меѓаши и проф. д-р Ленче Петреска, ректор на Меѓународен Славјански Универзитет.

Со овој Меморандум се воспоставува официјалната соработка помеѓу Првата детска амбасада во светот Меѓаши и Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ со цел остварување на активности во иднина кои се од значење на двете договорни страни.