МСУ потпиша договор со Универзитет „Мајка Тереза“ од Скопје

„Антиката низ вековите“ изложба од Клуб за УНЕСКО Пиреја, Грција на Славјански во Свети Николе
19 април 2019
На МСУ во Свети Николе се одржа јубилејната десетта Меѓународна конференција „Меѓународен дијалог: ИСТОК – ЗАПАД“
19 април 2019

МСУ потпиша договор со Универзитет „Мајка Тереза“ од Скопје

Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ (МСУ) денес потпиша договор за соработка со Универзитетот „Мајка Тереза“ (УМТ) од Скопје. Потпишувањето на договорот се одржа во просториите на МСУ во Свети Николе, а присуствуваа проф. д-р Ленче Петреска, ректор на МСУ; проф. д-р Јордан Ѓорчев, Претседател на Управен Одбор на МСУ, проф. д-р Ризван Сулејмани, проректор на УМТ и проф. д-р Зоран Трифунов, декан на Факултетот за технички науки при УМТ.

Со овој договор за соработка се регулираат областите за заедничка соработка, како и формите и начините на неговата имплементација во делот на развојот на истражувањето и образованието. Двата универзитети во иднина заеднички ќе организираат и спроведуваат истражувачки проекти, унапредувајќи ги процесите на настава и остварувајќи размена на информации, искуство, наставнички кадар и студенти.