На МСУ во Свети Николе се одржа јубилејната десетта Меѓународна конференција „Меѓународен дијалог: ИСТОК – ЗАПАД“

МСУ потпиша договор со Универзитет „Мајка Тереза“ од Скопје
19 април 2019
Професори од МСУ учесници на работилницата „Правда за децата во антитерористички контекст“
19 април 2019

На МСУ во Свети Николе се одржа јубилејната десетта Меѓународна конференција „Меѓународен дијалог: ИСТОК – ЗАПАД“

На Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ се одржа јубилејната десетта Меѓународна конференција „Меѓународен дијалог:  ИСТОК – ЗАПАД“  која е во заедничка организација со Тамбовскиот државен Универзитет „Г. Р. Державин“ од Русија. Преку организирање на оваа научна конференција имаме за цел заеднички да придонесеме за развојот на научната мисла, да инспирираме размена на идеи и искуства помеѓу земјите учеснички на конференцијата, да ги потикнеме и мотивираме научно – истражувачките активности.

Сите трудови на учесниците ќе бидат објавени во научно списание „Меѓународен дијалог:  ИСТОК – ЗАПАД“, во издание на официјалната издавачка куќа на Универзитетот, Меѓународен Центар за Славјанска Просвета (МЦСП)  – Свети Николе. Работната сесија на конференцијата е организирана во работни секции, а беа опфатени следниве области:

  • Право и политикологија
  • Економија
  • Педагогија и психологија
  • Филозофија, лингвистика, културологија
  • Безбедносно инженерство и информатика

Конференцијата „Меѓународен дијалог:  ИСТОК – ЗАПАД“ започна да се одржува во 2010 година , во Свети Николе. На нашата веб страница konferencii.msu.edu.mk се прикачени информациите за сите одржани Конференции почнувајќи од 2010 година, па се до денес и се забележува дека низ годините, „Меѓународен дијалог:  ИСТОК – ЗАПАД“ бележи се поголем број на учесници од  се повеќе земји. На конференцијата пристигнаа над 160 трудови од повеќе од 200 научни работници од над 20 земји од целиот свет.



На конференцијата во Свети Николе своите трудови ги претставија научни работници од приватните и државните универзитети во Република Северна Македонија, но и од други универзитети, надвор од земјава:

  1. Тамбовски Државен Универзитет „Г. Р. Державин“ од Тамбов, Русија
  2. Липецки Педагошки Државен Универзитет од Липецк, Русија
  3. Северно – Кавкаски Федерален Универзитет од Пјатигорск, Русија
  4. Технички Универзитет од Габрово
  5. Великотрновски Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ од Велико Трново, Бугарија
  6. Паневропски Универзитет „Апеирон“ од Бања Лука, БиХ
  7. Универзитет „Витез“ од Травник, БиХ
  8. Факултет за Политички Науки од Виена, Австрија
  9. Универзитет „Кадри Зека“, Косово
  10. Филозофски факултет од Ниш, Србија
  11. Универзитетот во Призрен, Косово

Организациски одбор:

  • Претседател:  Д-р Јордан Ѓорчев,  Северна Македонија
  • Заменик претседател:  Д-р Стромов Владимир Јуревич, Русија
  • Член:  М-р Борче Серафимовски, Северна Македонија

Уредувачки одбор:  

  •  Проф. д-р Душан Николовски, Северна Македонија
  • Доц. д-р Александар Илиевски, Северна Македонија
  • Проф. д-р Мирослав Крстиќ, Србија
  • Проф. д-р Момчило Симоновиќ, Србија
  • Проф. д-р Тодор Галунов, Бугарија
  • Проф. д-р Даниела Тасевска, Бугарија
  • Доц. д-р Хаџиб Салкич, Босна и Херцеговина
  • Д-р Татјана Осадчаја, Русија
  • Доц. д-р Вера Шунаева, Русија

Технички раководител на конференцијата

М-р Милена Спасовска