Лиса Хенеке од Германија студираше еден семестар на МСУ и го споделува нејзиното искуство како Еразмус+ студент

Екипата од филмот „Сестри“ во Киноверзум, единственото универзитетско 3D кино
4 февруари 2022
Габриела Матискова од Универзитетот Масарик во Брно, Чешка ќе студира на МСУ еден семестар
14 февруари 2022

Лиса Хенеке од Германија студираше еден семестар на МСУ и го споделува нејзиното искуство како Еразмус+ студент

Во октомври претходната година Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и посака добредојде на Лиса Хенеке, студентка која дојде на Еразмус+ мобилност, од Универзитетот Лајбниц во Хановер, Германија. Таа студираше еден семестар на последипломските студии на Факултетот за економија и организација на претприемништво при МСУ.

Нејзините професори беа презадоволни од нејзината амбиција да научи нешто повеќе. Лиса беше присутна на сите предавања и беше во константна комуникација со нејзините професори и вработените во Канцеларијата за меѓународни односи при МСУ.

Во продолжение можете да видите дел од нејзините авантури за време на престојот овде и да прочитате за нејзините впечатоци и за Еразмус+ искуството кое ќе го памети цел живот. На фотографиите можете да го погледнете и кученцето кое Лиса го вдоми за време на престојот овде и по завршување на мобилноста го зема со себе во Германија.



Јас сум Лиса, 25 години, од Германија и ќе ви кажам нешто за мојот семестар во Македонија на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“. Поради пандемијата, за жал, целото мое студирање на Меѓународен Славјански Универзитет беше онлајн, но ми понуди многубројни можности. Јас ја избрав Македонија за мојот семестар во странство бидејќи знаев многу малку за земјата. Јас никогаш не сум била на Балканот. На крајот од мојот семестар во странство, ми беше драго што ја донесов оваа одлука и „се фрлив во длабокото”.

Македонија е прекрасна земја. Луѓето се максимално гостопримливи, услужливи, а особено кон Германците се супер, отворени и пријателски расположени. Можете само да се радувате на храната и културата. Храната е многу разновидна и има влијание од земјите околу неа, па затоа имате многу можности за различни јадења. Во топлата македонска култура веднаш се почувствував прифатена и подготвена за земјата од самиот почеток. Македонија дефинитивно вреди да се патува, бидејќи има добри места како Охрид и зимските центри, Мавровското Езеро.

Поддршката од Меѓународниот Славјански Универзитет беше одлична бидејќи ми понудивте да посетам и да видам многу работи во Македонија. Како што е очекувано во една ваква топла култура, бев срдечно пречекана, го посетив универзитетот, па дури и бев поканета на ручек во ресторанот на универзитетот. Поддршката од МСУ беше многу добра. Моите Еразмус+ координатори беа секогаш покрај мене, ми помагаа да остварам контакти и ми понудија патувања.

Професорите секогаш одговараа на моите прашања и моите задачи беа јасни и со идеална оптовареност, па имав време да ја истражам земјата, па дури имав време да одам и во Албанија.

Последно, но не и најмалку важно, зедов мал сувенир од мојот престој во странство. Сега имам мало куче кое го најдов заборавено на улица и тоа, се надевам, ќе ме придружува во наредните 15 години.

Македонија дефинитивно вреди да се посети и би препорачала семестар во странство на овој универзитет на секој кој сака добра координација и љубезни професори.