Во организација на УСФМ (Универзитетска спортска федерација на Македонија) денес започна лигата во мал фудбал каде што поголемите универзитети се натпреваруваат меѓу себе. Нашата екипа, составена исклучиво од студенти на МСУ, денес немаше сила да се спротивстави на екипата од УКИМ, составена од професионални фудбалери и загуби со 2:6, иако имавме добра игра во поголемиот дел од мечот. Во нашата група се и УГД и Американ колеџ со кои наредниве недели ќе ја бараме шансата за влез во завршницата.