Бесплатни Киноверзум клуб картички за сите студенти на МСУ

Со околу 1400 учесници заврши настанот „Денови на психологија“
29 ноември 2021
Под мотото „Заедно за инклузивно општество“ се одржаа активности по повод 3-ти декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост
3 декември 2021

Бесплатни Киноверзум клуб картички за сите студенти на МСУ

По повод вториот роденден на единственото универзитетско кино, Киноверзум, Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ на своите студенти им доделува бесплатна Киноверзум клуб картичка. Право на аплицирање имаат сите студенти на МСУ.

Со Киноверзум клуб картичката студентите на МСУ ќе имаат попуст при секоја посета на киното, а дополнително можат да собираат поени кои можат да ги разменат за награди.

Студентите на Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ со клуб картичката ќе имаат поголем попуст од останатите корисници на клуб картичка, и тоа:

  • 2D проекции – цена со попуст: 150 денари (редовна цена 180 денари)
  • 3D проекции – цена со попуст: 190 денари (редовна цена 220 денари)

Бројот на влезници кои можат да се купат со клуб картичка во еден ден е 4.



Што треба да направите?


  1. За да добиете бесплатната картичка треба да ја пополните апликацијата подолу.
  2. Потоа ќе бидете контактирани од нашите служби за да добиете упатство за преземање на картичката.
  3. Картичката можете да ја преземете од Киноверзум при Вашата наредна посета.

Податоци за студентот

CAPTCHA image