Со околу 1400 учесници заврши настанот „Денови на психологија“

Над 800 учесници на првиот ден од Денови на психологијата на МСУ – 2021
28 ноември 2021
Бесплатни Киноверзум клуб картички за сите студенти на МСУ
1 декември 2021

Со околу 1400 учесници заврши настанот „Денови на психологија“

Успешно заврши и вториот ден од „Денови на психологија“. На настанот кој се одржуваше во два дена, беа пријавени околу 2500 учесници, а на вториот ден учество земаа над 600 учесници. На секое од предавањата имаше во просек по приближно 400 учесници – студенти, наставници, професори, психолози, љубители на психологијата.

Денови на психологија се нашиот најголем онлајн настан и им се заблагодаруваме на сите учесници кои помогнаа да се создаде вистинската атмосфера за споделување на знаења, идеи, ставови.

Вториот ден се состоеше од 3 предавања. Се дискутираше на повеќе теми од областа на психологијата.

1. Доц д-р Ана Чучкова говореше на тема „Единство на умот, душата и телото“.
2. Giandomenico Bagatin зборуваше на темa „Psychotherapy with children and adolescents: Basics of Gestalt Play Therapy“
3. Miguel Silan зборуваше на тема „ Big Team Science: New Ways Forward for Psychology“.



Првиот ден се состоеше од трибина и од 4 предавања. Се дискутираше на повеќе теми од областа на психологијата.

На трибината свои обраќања имаа:
доц. д-р Ана Чучкова
проф. д-р Мирослав Пендароски
проф. д-р Соња Ризоска Јовановска
м-р Атанас Иваноски
м-р Марија Младеновска Димитровска
дипл. психолог Иван Георгиев

Говорници на првиот ден беа:
1. М-р Атанас Иваноски зборуваше на тема „Самопочит и безусловно прифаќање на себеси, другите и светот“.
2. Доц. д-р Атанас Кирјаковски говореше на тема „Умот во ерата на дигиталните медиуми“
3. Марија Младеновска Димитровска зборуваше на тема „Психолошко советување и психотерапија – сличности и разлики“.
4. Проф. д-р Мирослав Пендароски зборуваше за „Метод на линија на помал отпор во работа со соништа“

Имавме и Инстаграм giveaway за учесниците кои споделија приказна (story) на Инстаграм. Добитниците ќе бидат објавени денес.
Како што беше најавено, сите учесници ќе добијат електронски сертификати за учество за секој ден посебно.