Гуслах Ујар и Туба Озтуран во посета на МСУ во рамките на Еразмус+

Проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен одбор на МСУ ја отвори својата прва изложба на карикатури во НУЦК Ацо Шопов, Штип
14 мај 2022
Претседателот на Интернационалниот Универзитет Еуропа Прима, Амабасадорот Јордан Плевнеш, на проф. д-р Јордан Ѓорчев му го врачи специјалното издание на неодамнешното доделување на наградата ГРАНД ПРИ
16 мај 2022

Гуслах Ујар и Туба Озтуран во посета на МСУ во рамките на Еразмус+

Гуслах Ујар и Туба Озтуран од Универзитетот Ерзинџан Бинали Јилдирим, Република Турција, деновиве се во посета на МСУ во рамките на програмата Еразмус+, во делот на мобилност за наставен/административен кадар.

Во рамки на денешната посета на универзитетот (16 мај 2022) остварија средба со претседателот на Управен одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, проф. д-р Јордан Ѓорчев, м-р Борче Серафимовски, заменик претседателот на Управен одбор на МСУ и вработените од Канцеларијата за меѓународни односи на МСУ.