Конкурс за средношколски есеи – 2021

Успешно се одржа онлајн работилницата „Мартинки – изработка и традиција“
2 март 2021
Институтот за култура и уметност при МСУ потпиша меморандум за соработка со Општина Куманово
4 март 2021

Конкурс за средношколски есеи – 2021

Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Институтот за култура и уметност при МСУ „Г. Р. Державин“ и издавачката куќа Меѓународен центар за славјанска просвета – Свети Николе распишуваат

КОНКУРС

за најдобри средношколски есеи на следниве теми:

  • Што ако учениците ги оценуваат наставниците?
  • Делото што ми го промени животот.
  • Како киното го менува градот?
  • Најдобрата одлука што некогаш ја имам направено.
  • Го менуваме учебникот за лаптопот.
  • Позитивните страни на ривалството и/или конкуренцијата.
  • Новото нормално.
  • Мојата визија.
  • Слободна тема.

Петта година по ред сме во потрага по оригинални есеи. Искрени, сатирични, духовити, храбри, креативни, интелигентни, емоционални, визионерски… Баш такви есеи какви што сакате да напишете! Есеи што навистина можат да ги отсликаат средношколските размислувања.

Есеите кои ќе пристигнат на конкурсот се објавуваат во печатена публикација „Средношколски размислувања“ и сите учесници ќе добијат примерок од публикацијата.

Насловите на темите се дадени само како насоки за авторот. Може да давате аргументи за и против, може да се согласувате и да не се согласувате со дадените теми. Во оформување на идејата (и колку апстрактна таа ќе биде) можете да имате целосна слобода. Важно е да се чувствувате слободни и сигурни во тоа што го пишувате.



1. Кој може да се пријави?

На конкурсот можат да учествуваат сите средношколци од Република Северна Македонија со неограничен број на есеи.


2. Кои услови треба да ги исполнува есејот?

Есејот треба да биде напишан на македонски, албански или англиски јазик и да ги исполнува следниве услови:

  • да биде напишан на една од дадените теми
  • да биде подготвен како MS Office Word документ (.doc или .docx) – А4 формат
  • да не надминува 700 зборови
  • фонт Times New Roman (со македонска/кирилична поддршка за есеите на македонски јазик);
  • маргини: лево, десно, горе и долу по 20 mm
  • да не биде навредлив кон ниту една етничка заедница, ниту смее да содржи говор на омраза базирано на раса, религија или пол

3. Освен есејот, дали е потребно да се достават дополнителни информации?

Потребно е на првата страница, пред почетокот на есејот, да бидат истакнати следниве податоци:

  • име и презиме на авторот
  • година на раѓање на авторот
  • име на училиштето и место
  • ментор (доколку има)
  • адреса и место на живеење на авторот
  • телефонски број на авторот
  • адреса за електронска пошта на авторот

4. До кога најдоцна треба да се испратат материјалите?

Конкурсот ќе трае од 2 март до 10 мај 2021 година, до 23:59 часот. Материјалите доставени после наведениот рок нема да бидат земени предвид.


5. Каде се испраќаат материјалите?

Есеите можете да ги прикачите во електронската пријава која е дадена подолу на оваа страница.  


6. Награди

Предвидени се специјални награди за

  • Прво место: Златна плакета, таблет, МСУ подароци.
  • Второ место: Сребрена плакета, сет за пишување и 5 книги, МСУ подароци.
  • Трето место: Бронзена плакета, сет за пишување и 3 книги, МСУ подароци.

За сите останати учесници ќе бидат подготвени подароци и сертификати за учество на конкурсот.


7. Критериуми

Важно е есејот да ги задоволува техничките барања кои се наведени во конкурсот. Ова ќе биде првата фаза на елиминација.

Сите есеи што ќе ја поминат првата фаза ќе бидат оценувани од страна на комисијата според следниве критериуми:

  • оригиналност, иновативност
  • стил и начин на изразување
  • добро организиран есеј со соодветна содржина и структура
  • разбирање на темата за која се пишува
  • јасна цел, добро аргументирање и конкретни примери
  • граматика и интерпункција

Организаторот ги задржува правата да го направи изборот на есеи кои ќе бидат објавени во збирката.


8. Објавување на резултатите

Резултатите ќе бидат објавени на оваа страница на 18 мај 2021, најдоцна до 12:00 часот.


9. Доделување на наградите

Наградите ќе бидат доделени на посебна свеченост која ќе се одржи на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Св. Николе на 24-ти мај во 12:00 часот. Учесниците ќе можат да го следат настанот преку Zoom.

На истиот настан ќе се одржи и промоција на публикацијата насловена „Средношколски размислувања 5“, каде ќе бидат објавени сите успешни есеи од конкурсот.



Имате прашања?

За дополнителни прашања обратете ни се на следнава електронска адреса: esei@msu.edu.mk.


 

Апликација за конкурсот

Лични податоци за авторот:

На оваа адреса ќе Ви биде доставена публикацијата „Средношколски есеи“.

Овој број ќе биде користен за да стапиме во контакт со Вас доколку има технички проблеми со материјалите кои ни ги имате доставено.

Податоци за есејот:

Ве молиме одберете една од понудените теми:

Максимална големина на документ 5 MB. Дозволени формати се doc и docx.