Институтот за култура и уметност при МСУ потпиша меморандум за соработка со Општина Куманово

Конкурс за средношколски есеи – 2021
2 март 2021
Студентски блог: Живеј го мигот, не лошиот ден – Јасмина Караманолева
5 март 2021

Институтот за култура и уметност при МСУ потпиша меморандум за соработка со Општина Куманово

Денес Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет потпиша Меморандум за соработка со Општина Куманово.

Меморандумот е потпишан за потенцијална реализација на проектот „За да бидам вистински дел од тебе, дај ми и ти дел од себе, општество мое“ кој е насочен кон зачувување, негување, пренесување на традицијата, како и утврдување на нејзиното влијание врз современото живеење и адаптирање на жената од руралната заедница за променетите услови и предизвици на пазарот на труд.

На потпишувањето на меморандумот присутни беа градоначалникот на Општина Куманово, м-р Максим Димитриевски, Александар Крстевски, раководител на сектор, проф. д-р Соња Ризоска Јовановска, директор на Институтот за култура и уметност и доц. д-р Габриела Крстевска, претседател на Научен совет на Институтот за култура и уметност при МСУ.