Студентски блог: Живеј го мигот, не лошиот ден – Јасмина Караманолева

Институтот за култура и уметност при МСУ потпиша меморандум за соработка со Општина Куманово
4 март 2021
Институтот за култура и уметност при МСУ го одбележа Меѓународниот ден на жената со работна средба во Словачката амбасада
8 март 2021

Студентски блог: Живеј го мигот, не лошиот ден – Јасмина Караманолева


Живеј го мигот, не лошиот ден


 од Студентски блог – студентски размислувања


Пишува: Јасмина Караманолева, студент на факултетот за психологија при МСУ

Мислата дека секогаш треба да биде се во ред која ни е наметната од општеството е сосема погрешна. Лоши денови имаме сите и тоа е сосема нормално. За некој лош ден претставува и самото тоа што кога ќе стане не знае што да облече, додека други имаат огромни проблеми за кои е тешко да се пронајде решение. Некој со тоа што вешто ги прикрива своите проблеми не значи дека ги нема, затоа не мислете дека заради одредена причина само вашиот ден е лош. И кога го имате тој ден морате да станете, да се насмевнете и да ги завршите вашите обврски како секој друг ден, без да се затворате во соба и да го преспиете денот. Тоа што имате лош ден не значи дека имате лош живот. Научете да се заблагодарувате за доброто што доаѓа и секогаш ценете го мигот што Ви се случува и што го доживувате токму сега. Ниту еден ден нема да биде лош доколку живеете за среќните мигови што доаѓаат. Научете да најдете нешто од што секогаш ќе црпите среќа и енергија и секогаш кога ќе имате лош ден, мислата нека Ви биде насочена кон тоа дека ова ќе помине и ќе дојде среќниот миг. Не се затворајте во себе, со тоа не се решава лошиот ден туку најдете начин да го смените и решите, тоа се постигнува со тоа што ќе живеете за добрите мигови.


 


Рубриката студентски блог е иницијатива на Здружението на студенти на Меѓународен Славјански Универзитет. Сите студенти при МСУ кои сакаат своето мислење да го изразат преку кратки есеи, можат својот пишан збор да го испратат на blog@msu.edu.mk.

*Сите испратени дела ќе бидат прегледувани од наш стручен кадар. Прифатените дела ќе бидат објавени на нашата официјална страна и секоја среда ќе биде објавуван по еден студентски блог во Битолски весник.