Емирхан Ераслан од Универзитетот Сулејман Демирел, Република Турција, на 22 септември пристигна на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе.
Преку Еразмус+ програмата, Емирхан пет месеци ќе студира на нашиот Факултет за информатика. Во рамки на неговата прва посета тој оствари средба со Викторија Велкова, вработена во нашата Канцеларија за меѓународни односи и асистентот м-р Мартин Ѓорѓиев.