Проф. д-р Кети Арсовска – Несторовска во посета на Универзитетот во Задар во Хрватска во рамките на програмата Еразмус+

Емирхан Ераслан од Универзитетот Сулејман Демирел, Република Турција на студентска размена на МСУ
23 септември 2021
Ретроспектива: Меѓународен филозофски дијалог „Исток – запад“ низ годините
23 септември 2021

Проф. д-р Кети Арсовска – Несторовска во посета на Универзитетот во Задар во Хрватска во рамките на програмата Еразмус+

Проф. д-р Кети Арсовска – Несторовска од МСУ деновиве е во посета на Универзитетот во Задар во Хрватска во рамките на програмата Еразмус+, во делот на мобилност за наставен и административен кадар.

На 21 септември беше остварена средба со вработените од Канцеларијата за меѓународни односи на Универзитетот во Задар. Мобилноста на проф. д-р Кети Арсовска – Несторовска требаше да биде реализирана во тек на 2020 година, но истата беше спречена од Ковид-19 пандемијата. 15 месеци подоцна, нашата професорка (која сега е во пензија) успеа да ги реализира активностите кои ги предвидуваше Еразмус+ програмата.