По повод 69-годишнината од формирањето на Друштвото на писателите на Македонија, Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе – Битола на македонската писателска асоцијација и донираше 500 евра.
Покрај тоа, во пресрет на јубилејот седум децении од формирањето на Друштвото на писателите, Меѓународен Славјански Универзитет востановува годишна награда „Державин“ за поетска книга од автор, член на ДПМ.
Паричните средства за наградата, во висина од 500 евра, ќе ги обезбедува Славјански како трајна донација, а Друштвото на писателите ќе учествува во стручниот дел со жири комисија составена од три члена која ќе ја донесува одлуката за ова признание.
Наградата „Державин“ за прв пат ќе биде врачена во втората половина на септември оваа година на Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе.