Конкурс за упис на докторски студии во Бугарија – 2021/2022

Концерт на мандолинските оркестри од Св. Николе и Сандански
18 ноември 2017
Изложба на академскиот сликар Димитар Стојанов
28 ноември 2017

Конкурс за упис на докторски студии во Бугарија – 2021/2022

Универзитетот од Велико Трново „Св. св. Кирил и Методиј” – Р. Бугарија, распишува КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ НА ДОКТОРСКИ СТУДИИ (трет циклус на студии).

Согласно билатералниот договор потпишан помеѓу Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин” и Универзитетот од Велико Трново, уписот на кандидатите ќе се врши на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.



Потребни документи:


Потребни документи за упис на трет циклус студии (Докторски студии)

  • Копија од диплома за завршено средно образование, заверена на нотар
  • Копија од диплома за завршени додипломски студии (прв циклус), заверена на нотар
  • Копија од уверение за положени испити од додипломските студии (прв циклус), заверена на нотар
  • Копија од диплома за завршени магистерски студии (втор циклус), заверена на нотар
  • Копија од уверение за положени испити од магистерските студии (втор циклус), заверена на нотар
  • Копија од пасош, заверена на нотар
  • Лична биографија – CV

Наставни програми за докторски студии:


ПРОФЕСИОНАЛНА НАСОКА  

ДОКТОРСКИ ПРОГРАМИ

1.2. Педагогија Теорија на воспитувањето и дидактика
Специјална педагогија
1.3. Педагогија на наставата по.. Методика на наставата по бугарски јазик и литература

 

Методика на наставата по бугарски јазик и литература
Методика на наставата по странски јазик
Методика на наставата по математика
Методика на наставата по бит и техника
Методика на наставата по ликовна уметност
Методика на наставата по човек и општество, човек и природа, Педагогија на взаемодејствието дете – средина
Методика на наставата по географија
Методика на наставата по музика
Теорија и методика на физичкото воспитување и спортските тренинзи
2.1. Филологија Бугарска литература
Теорија на литературата
Руска литература и литература на народите на Русија
Литература на народите на Европа, Америка, Африка, Азија и Австралија
Фолклористика /вкл. Бугарски фолклор, славјански фолклор/
Општо и споредбено познавање на јазици /вкл. и познавање на балканските јазици, структурна лингвистика, применета лингвистика, социолингвистика, психолингвистика, математичка лингвистика, етнолингвистика/
Теорија и практика на преводот
Бугарски јазик
Славјански јазици
Германски јазици
2.2 Историја и археологија Стара историја
Средновековна општа историја
Нова и најнова општа историја
Историја на Бугарија
Археологија (вкл. Нумизматика, епиграфика и палеографија)
2.3. Филозофија Историја на филозофијата
Логика
Филозофија на правото и политиката
2.4. Религија и теологија Теологија
3.1. Социологија, антропологија и науки за културата Етнологија

 

3.2. Психологија Педагошка и развојна психологија
Социјална психологија
Општа психологија
3.3 Политички науки Политикологија
3.4. Социјални дејности

 

Организација и управување надвор од сферата на материјалното производство (Социјални дејности)
3.6 Право Теорија на државата и правото
Уставно право
Административно право и административен процес
Финансово право
Казнено право
Историја на правото
Граѓански процес
Граѓанско и семејно право
Меѓународно право и меѓународни односи
Казнено процесно право
3.7. Администрација и управување Економија и управување (индустрија)

 

3.8. Економија Политичка економија
Сметководствен извештај, контрола и анализа на стопанската дејност,
Финансии, паричен обрт, кредит и осигурување (финансии)
4.4. Науки за земјата Социјално – економска географија
Физичка географија и наука за земјописот
4.6. Информатика и компјутерски науки Информатика
8.2. Ликовна уметност Наука за уметноста и ликовна уметност – живопис, фреска и црковни уметности
Наука за уметноста и ликовна уметност – графика, графички дизајн и визуелни комуникации, цртање и скулптура

Финансии:


Вкупната сума за плаќање е збир на следниве трошоци:

  • 1000 евра за административни трошоци (се плаќаат при уписот)
  • 1500 или 2000 евра годишно во зависност од насоката (студиите траат 3 години)
  • 2000 евра трошоци за одбрана на докторски труд (се плаќаат пред одбраната)

Во табелата подолу се дадени годишните трошоци за докторски студии за странски граѓани во учебната 2021/2022 година (изразени во евра).

Професионални насоки Докторанд/Специјализант
редовно вонредно дист.
Теорија и управување на образованието 1500 1500 2000
Педагогија 1500 1500 1500
Педагогија на наставата по … 1500 1500 1500
Филологија 1500 1500 1800
Историја и археологија 1500 1500 1900
Филозофија 1500 1500 1700
Религија и теологија 1500 1500 1900
Социологија, антропологија и науки за културата 1500 1500 1500
Психологија 1500 1500 1500
Политички науки 1500 1500 1500
Социјални дејности 1500 1500 1500
Општествени комуникации и информациски науки 1500 1500 1500
Право 1500 1500 1700
Администрација и управување 1500 1500 1500
Економија 1500 1500 1500
Туризам 1500 1500 1500
Науки за земјата 2000 2000 2300
Математика 2000 2000 2100
Информатика и компјутерски науки 2000 2000 2500
Ликовна уметност 3800 3800 4000

 


Контакт:


м-р Милена Спасовска, milena.spasovska@msu.edu.mk, +389 78 827 914