Изложба на академскиот сликар Димитар Стојанов

Конкурс за упис на докторски студии во Бугарија – 2017/2018
19 ноември 2017
Учесниците на #wfys2017 на средба со Амбасадорот на Руската Федерација во Р. Македонија
2 декември 2017

Денес на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“​ во Свети Николе академскиот сликар Димитар Стојанов ја имаше својата прва самостојна изложба на скулптури и графика.

Промотор беше директорот на Институтот за култура на Славјански, познатиот македонски писател и сликар и книжевен и ликовен критичар, проф. д-р Христо Петрески.

За делото на Димитар Стојанов исто така говореше и Димитар Лазов – Лав, претседателот на Здружението на ликовни уметници „Овчеполски спектар“ – Свети Николе.

Изложбата беше отворена од ректорот на МСУ, проф. д-р Душан Николовски.

Академскиот сликар Димитар Стојанов

Изложбата ќе биде отворена за сите посетители во фоајето на Славјански до 27.12.2017.