Наше големо задоволство е да ве поканиме да бидете дел од нашите „Денови на психологијата”.
Доколку сте студенти на психологија, или едноставно ја сакате психологијата ова е вистинскиот настан за вас! Доколку сакате да научите повеќе за оваа наука, сакате да се дружите и да запознаете други истомисленици и психолози, тогаш не ја пропуштајте оваа прилика! „Деновите на психологијата“ се создадени за да можете да видите и научите повеќе за оваа наука, да видите и научите како изгледаат предавањата и практичните работилници на психолозите, а ова ќе биде и одлична прилика за да ги збогатите вашите домашни библиотеки.
Проф. д-р Кирил Барбареев професор на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ќе говори за „Професијата на наставникот – од конструктивизам до форма на уметност“.
Дидактиката и методиката се практични теории, кои имаат за цел да овозможат практични знаења на делувањето на наставникот во наставата и имаат многу длабока соработка со психологијата на давањето инструкции. Дали патот на педагогијата и методиката е само во т.н. пристап во давањето инструкции или во одреден момент треба да почнеме професијата на наставникот да ја гледаме како активност и чин кои ја надминуваат механиката на наставниот план и програма и кои произведуваат автентична уметност?
Работилницата е посветена на конструктивизмот како основа на современите епистемиолошки концепти на педагогијата, дидактиката и методиката, неговата примена во наставата, како и на природата на т.н. FLOW (проток) доживување во кои се наоѓаат клучните својства за креативно откривање, решавање проблеми, развој на способностите.
„Системска динамика и нејзиното место во индивидуалните и групните психотераписки приоди” – работилницата ќе ја води – проф. д-р Мирослав Пендароски, сертифициран за работа со системска динамика и семејни констелации, професор на Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“
Во работилницата ќе бидат накратко претставени основните концепти на системската динамика и семејните констелации и нивното место во индивидуалната и групната психотераписка работа. Низ кратко интерактивно предавање и дискусиона метода ќе се осознаат искуствено некои од базичните концепти на овој тип работа: методологијата, основните принципи, интервенции, споредба со другите т.н. класични тераписки модели, значењето на хиерархијата во семејниот поредок, системскиот приод и гледање на појавите како меѓузависни и др.
Во склоп на работилницата ќе има и кратки практични работилници и приказ на работата низ овој метод. Авторот ќе сподели свои практични искуства во овој тип приод кој го применува повеќе години и ќе направи паралели со другите психотераписки методи.
Бојана Стаменковиќ ќе одржи работилница на тема „Препознавање на психолошко насилство во партнерска релација”.
Насилството е тема за која многу цесто се зборува, а сепак оние кои се соочуваат со овој проблем се најтивки. Многу фактори можат да придонесат за одредено лице да заглави во кругот на насилството, а како најчест се вбројува непрепознавањето на истото.
Психолошкото насилство е многу честа појава во партнерските релации и во семејниот систем, често доколку не се искорени и не се воспостават функционални обрасци на односи и комуникација, се пренесува трансгенерациски. На оваа кратка работилница/предавање ќе зборуваме за идентификацијата на психолошкото насилство во партнерските релации, факторите кои придонесуваат за јавување, начините и стратегиите за ефективно справување.
Проф. д-р Соња Ризоска Јовановска, редовен професор на Факултет за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, етнолог, антрополог, социолог, автор, сценарист и режисер на 13 документарни филмови посветени на симболите на културата, културните (под)групи, културниот идентитет, индивидаулната и колективната свест, традицијата ќе одржи работилница на тема „Ајде да проговориме за „oна што е присутно со своето неприсуство“.
Проекција на филм и психолошки осврт на „Патот на дервишите“ – автор, сценарист и режисер проф. д-р Соња Ризоска Јовановска, МАКРО С ФИЛМ ПРОДУКЦИЈА 2015.
Филмот е научно-истражувачки проект кој говори за психолошката симбиоза на одредена група на индивидуи и нивниот пат, или тарикат, прикажувајќи ни човекот како културно и социјално битие, неговата личност, сплетот на верувањата на одредени етникуми, обредната практика што со векови ја чуваат како најголемо културно наследство, нивната (не)поврзаност, сличностите и за разликите, за сето она што ги зближува, поврзува, преклопува или што ги дистанцира. А преку методот на морална психологија го истакнува патот на индивидуална определба, трасирајќи го на тој начин ѝ патот на душата кон Бога, водејќи го низ различните етапи во неговото битисување.
Учејќи за другите на тој пат, го осознаваш заборавот на себе, а, всушност, го добиваш најдлабокото сознавање за себе на неколку нивоа, за ЈАС, (НЕ) ЈАС и (НАД) ЈАС. Таму на тој пат поминуваш низ многу етапи, како што велат дервишите, тие говорат за знаците на патот што не се случајно тука за да знаеш дали треба да продолжиш. За гносата и знаењето, за духовното искуство, за погледот на еден суфи, етапите на нивното патување, спознанието за божјата љубов, и нивната подготвеност за дервишкиот танц.
Дискусија за филмот.
Специјални гости на „Денови на психологијата на МСУ“ ќе бидат поетесата која е вљубена во моќта на зборовите, Ана Бунтеска, и сликарот и хуманист Живко Поповски Цветин.
Ана Бунтеска преку свои песни ќе не потсети за се што е минливо во животот, но и за најзначајното, неминливо чувство кое го одржало човештвото – ЉУБОВТА.
Сликарот и хуманист Живко Поповски Цветин ќе ги овековечи работилниците со фениксите за да не потсети дека „Крајот не значи вистински крај, туку секој крај означува нов почеток“.
Татјана Алексиќ ќе ја води работилницата насловена „Сексуална интелигенција”.
Концепт на работилницата:
1. Вовед: претставување, образложение за идејата за емисијата „Сексуална азбука“,
2. Изложување на ставови во контекст на сексуалната интелигенција и повикување на публикацијата „Сексуална интелигенција“ од д-р Шери Конрад и Мајкл Молберн,
3. Дебата на темата,
4. Тест (анонимен) за препознавање на потенцијалите за сексуална интелигенција.
На деновите на психологијата може да присуствуваат сите заинтересирани граѓани.
Финансиските услови за учество се следниве:
За студентите на МСУ ќе важат следниве цени:
Уплатата се врши на следнава сметка:
Примач: Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“
Банка: Стопанска банка АД Скопје
Жиро с-ка: 200001929488684
[iphorm id=”20″ name=”Денови на психологијата”]
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |