Киноверзум подарува 50 влезници за Stand-up comedy show: Ivana Naskova & Srđan Slijepčević
3 ноември 2022Конкурс за упис на студенти на вториот циклус на студии на Универзитетот „Св. св. Кирил и Методиј“ од Велико Трново
12 ноември 2022Големо задоволство ни е да ве поканиме да бидете дел од нашите „Денови на психологија”™. За првпат годинава настанот ќе биде хибриден и ќе можете да го следите онлајн или со физичко присуство. Програмата ќе биде во три дена, од кои за публика ќе биде отворен следниов настан:
- 26 ноември (сабота): од 12:00 часот (МСУ во Св. Николе + виртуелен настан)
-
- Апликација за пријавување со физичко присуство: (апликацијата е подолу на оваа страница)
- Линк за пријавување за виртуелниот настан на Zoom: https://msu-edu-mk.zoom.us/meeting/register/tZEtcOGvrT0jEt18v4jMjYJtQvqVJov-gab2
- Линк до настанот на Facebook: https://www.facebook.com/events/516241710429625
-
Учеството е бесплатно. Дополнително, ќе се организираат и следниве настани:
- 24 ноември (четврток): од 12:00 часот (Тркалезна маса за експерти од областа на психологијата – МСУ во Битола)
- 25 ноември (петок): од 12:00 часот (Интернационална тркалезна маса – Mayberry Highway во Свети Николе)
Доколку сте студенти на психологија, или едноставно ја сакате психологијата ова е вистинскиот настан за вас!
Доколку сакате да научите повеќе за оваа наука, сакате да се дружите и да запознаете други истомисленици и психолози, тогаш не ја пропуштајте оваа прилика!
Деновите на психологијата се создадени за да можете да видите и научите повеќе за оваа наука, да видите и научите како изгледаат предавањата и практичните работилници на психолозите.
Што добивате?
- врвни психолози подготвени да ви ја доближат работата на психолозите во сите институции,
- можност да се запознаете со многу техники кои се користат во психологијата,
- присуство на интерактивни предавања и работилници,
- кафе дружба на паузите,
- можност за дискусии на разни теми,
- електронски сертификат
Денови на психологија™ е заштитена трговска марка. Секое неовластено користење и прекршување е казниво по закон.