Делегација од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во моментов е во посета на Тамбов, Русија, по повод одбележувањето на 101-годишнината од основањето на Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“.
Ректорот на Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“, проф. д-р Владимир Стромов, им врачи благодарници на претседателот Управниот одбор на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, проф. д-р Јордан Ѓорчев и заменик претседателот на Управен одбор на МСУ, Борче Серафимовски.
За роденденот на универзитетот студентите на Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“ подготвија креативна програма со изведба на музички точки на пијано и виолина, оригинални кореографски точки, а идните дизајнери од овој универзитет изведоа претстава на „оживеани“ слики, додека хемичарите демонстрираа експерименти. На крајот на прославата, на сцената беше донесена торта подготвена за 101-годишнината од Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“.