Пријавување за штандови на Новогодишен фестивал и базар • 25, 26 и 27 декември 2019

Девет студенти од МСУ пристигнаа на студентската размена во Тамбов, Русија
29 октомври 2019
На МСУ се одржа свечена приредба по повод патрониот празник на СОУ „Кочо Рацин“ од Свети Николе
2 ноември 2019

Пријавување за штандови на Новогодишен фестивал и базар • 25, 26 и 27 декември 2019

Четврта година по ред го организираме нашиот Новогодишен фестивал и базар! Новогодишниот фестивал и базар ќе се одржи на 25, 26 и 27 декември, секој ден од 17:00 до 21:30 часот на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Ресторан „Златна Москва“ во Св. Николе.

Со најбогата програма досега, годинава за првпат во рамките на базарот ќе ги прикажуваме и најновите филмски хитови во нашето ново 3D кино – Киноверзум. Подготвуваме и караоке забави, стенд ап шоу, детско катче, повеќе фото-зони, вечер на вино и уметност, како и театарски претстави. Влезот на базарот е бесплатен, но за некои од активностите ќе се наплаќаат влезници.
Финалната програма ќе биде објавена кон средината на декември. Доколку имате супер идеи и предлози за програмата, или би сакале да се вклучите во кулурно-забавниот дел, Ве молиме контактирајте не на bazar@msu.edu.mk.


 


На фестивалот ќе биде организиран новогодишен базар со магични дрвени куќички, рачно изработени празнични декорации, книги, варено вино и можност за организација на фамилијарна празнична вечера со избор од три менија со традиционални македонски специјалитети. За резервација на фамилијарна празнична вечера за време на базарот, можете да се обратите на bazar@msu.edu.mk, по што ќе Ви бидат доставени менијата.

Пријавувањето за штандови на базарот е бесплатно ќе биде достапно онлајн најдоцна до 20-ти декември 2019.


Што обезбедуваме ние за ракотворците?


  • Бесплатен штанд за изложување на ракотворби;
  • Два часа за подготовка на штандот пред почеток на базарот;
  • Сертификат за учество;
  • Златна плакета за најдобро декориран штанд (ќе биде избран еден штанд со гласање од посетителите).

Што се очекува од Вас?


  • Да бидете присутни во договорениот термин.
  • Да ги поставите Вашите ракотворби на штандот.
  • Да го декорирате штандот во духот на новогодишните и божиќните празници.
  • Да се забавувате!

Организаторот на фестивалот го задржува правото да прави измени во распоредот на штандовите без претходна најава. Со пополнување на апликацијата Вие се пријавувате за учество и се согласувате со условите на базарот. Вашето учество ќе биде потврдено телефонски, од страна на нашите вработени. За повеќе информации можете да не контактирате на bazar@msu.edu.mk.

Пријава за штанд • Новогодишен фестивал и базар

Лични податоци
Контакт информации
Податоци за начинот на учество

Организаторот го задржува правото за промена на димензиите на масите за изложување, како и промена на распоредот со цел подобра организација на просторот.

Please wait...