Се продлабочува соработката со Великотрновскиот универзитет

Започна меѓународната летна школа во Охрид
7 јули 2017
Кирил Лазаров во посета на Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“
19 јули 2017
На 07.07.2017 во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Св. Николе беше потпишан договор за продлабочување на соработката со Великотрновскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“.
 
Договорот беше потпишан од ректорот на МСУ, проф. д-р Душан Николовски и заменик ректорот на ВУ „Св. Кирил и Методиј“, академик Стојан Буров.
 
Претходно, во февруари 2017, делегација на МСУ предводена од Деканот на Факултетот за правни науки, проф. д-р Александар Илиевски гостуваше во Ректоратот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од Велико Трново, каде беше остварена средба со Ректорот и проректорите на универзитетот и беше потпишан договорот за соработка.
 
Соработката ќе се одвива во повеќе области, а ќе започне преку размена на професори и студенти. Беше разговарано и за формирање на оддел во рамките на нашиот универзитет кој ќе работи на заеднички програми за докторски и магистерски студии заедно со универзитетот од Велико Трново.