Летна школа за студентите на МСУ во Тамбов, Русија

Театарот „Скрб и утеха“ настапи на Славјански во Св. Николе
4 април 2017
Претставата „Каминот“ прикажана на Славјански во Св. Николе
5 април 2017

Ги известуваме сите наши студенти дека од 15 до 28 мај 2017 година во Тамбов ќе се одржи летна лингво-културолошка школа „Рускиот јазик – нашиот пат кон успехот!“. На летната школа може да се пријават студенти од МСУ.

Летната школа е составена од 72 часа, во кои ќе бидат опфатени изучување на рускиот јазик, руската историја, литература и руската култура. На сите учесници ќе им бидат доделени сертификати.

Програмата е насочена кон изучување на рускиот јазик низ комуникација. Покрај часовите, учесниците на школата ќе учествуваат и во работилници заедно со руските студенти и професори. Македонските студенти ќе можат да се запознаат со традицијата и културните особености на Русија и да бидат дел од фестивалот „Ден на националната култура во Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“.

Трошоците за летната школа во висина од 270 евра (19 000 рубљи) ги покриваат самите учесници. Плаќањето за летната школа ќе се врши во Русија. Патните трошоци исто така се на трошок на учесниците.

Во македонската делегација можат да се вклучат максимум 10 студенти од МСУ. Поради ограничените места, пријавувањето ќе биде на принципот прв пријавен – прв услужен.

За повеќе информации контактирајте нè на +389 32 440 330 (Елена Златева), секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот, или на [email protected] Пријавувањето е до 15-ти април 2017 година.