Завршија активностите на нашите студенти и соработници од Здружението на студенти при Меѓународен Славјански Универзитет кои беа на младинска размена во Романија за Еразмус+ проектот насловен “Promoting Inclusion And Employment Through Art”.
Младинската размена започна на 1 септември 2021 и траеше до 10 септември 2021.
Целта на овој проект беше да поттикне вклучување на мигранти, бегалци кои доаѓаат во Европа, вклучително и баратели на азил, да се создадат мостови помеѓу мигрантите и локалните заедници преку култура, уметност и образование, како и презентирање на културата на Европа и нејзините вредности.