Во рамки на потпишаниот договор за соработка со Yeni Yaşam Okulu од Истанбул, Турција, започнавме со организација на заеднички онлајн работилници. Планирано е во наредните месеци да се одржат повеќе од 3о работилници на теми од повеќе области, но претежно од областа на психологијата.
Работилниците се одржуваат на турски јазик, а учество земаат учесници од Република Турција. На една од работилниците предавач беше и проф. д-р Соња Ризоска Јовановска, професор на Факултетот за психологија при МСУ и директор на Институтот за култура и уметност при МСУ. На работилницата насловена „Пораки од универзумот“ која се одржа на 16-ти февруари 2021, од 19:00 часот, проф. д-р Соња Ризоска Јовановска се обрати пред учесниците на турски јазик и сподели искуства од нејзината досегашна научно-истражувачка работа.