Започнаа заедничките работилници со партнерите од Истанбул – Yeni Yaşam Okulu

МСУ и Високата школа за безбедност и економика од Пловдив, Бугарија го одржаа првиот состанок за отпочнување на соработка
18 февруари 2021
Повик за учество на осмата меѓународна научна конференција на тема „Глобални трендови во 2021 година“
22 февруари 2021

Започнаа заедничките работилници со партнерите од Истанбул – Yeni Yaşam Okulu

Во рамки на потпишаниот договор за соработка со Yeni Yaşam Okulu од Истанбул, Турција, започнавме со организација на заеднички онлајн работилници. Планирано е во наредните месеци да се одржат повеќе од 3о работилници на теми од повеќе области, но претежно од областа на психологијата.

Работилниците се одржуваат на турски јазик, а учество земаат учесници од Република Туција. На една од работилниците предавач беше и проф. д-р Соња Ризоска Јовановска, професор на Факултетот за психологија при МСУ и директор на Институтот за култура и уметност при МСУ. На работилницата насловена „Пораки од универзумот“ која се одржа на 16-ти февруари 2021, од 19:00 часот, проф. д-р Соња Ризоска Јовановска се обрати пред учесниците на турски јазик и сподели искуства од нејзината досегашна научно-истражувачка работа.