МСУ и Високата школа за безбедност и економика од Пловдив, Бугарија го одржаа првиот состанок за отпочнување на соработка

Се одржа третиот и последен дел од циклусот онлајн предавања на тема „Академско пишување“ за студенти на МСУ
15 февруари 2021
Започнаа заедничките работилници со партнерите од Истанбул – Yeni Yaşam Okulu
20 февруари 2021

МСУ и Високата школа за безбедност и економика од Пловдив, Бугарија го одржаа првиот состанок за отпочнување на соработка

На 17 февруари 2021 година беше одржан иницијален состанок помеѓу Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Високата школа за безбедност и економика (ВУСИ) од Пловдив, Бугарија на кој се разговараше за почеток на соработка помеѓу двете институции.

На состанокот кој се одржа онлајн, преку Zoom, од ВУСИ присуствуваа проф. д-р Георги Манолов – директор на ВУСИ, Људмила Дикова – проректор, Олга Манолова – директор на издавачка дејност и доц д-р Валентин Василев – консултант за магистерски програми, додека од МСУ присуствуваа проф. д-р Ленче Петреска – ректор, проф. д-р Павлина Стојанова – претседател на Сенат, м-р Борче Серафимовски – заменик претседател на Управен Одбор, проф. д-р Иван Ефремовски – проректор за настава и м-р Михаела Ѓорчева, Еразмус+ координатор на МСУ.



Беше разговарано за соработка – особено во полето на издавачката дејност – заедничко објавување на учебници подготвени од професори на МСУ и од професори на ВУСИ, како и превод и прилагодување на постоечки дела чии автори се професори од двете високообразовни установи.

Дополнително, беше разговарано соработката да се одвива и во рамките на Ерасмус+ програмата. Планирано е годинава да потпишеме интеринституционален договор, со што ќе се овозможи да се одвива мобилност на студенти и наставен и административен кадар помеѓу двата универзитети.