Во Музејот на македонската борба денеска се одржа свечена академија по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април. На академијата присуствуваше заменик претседателот на Управен Одбор на МСУ, м-р Борче Серафимовски, а присуствуваа и претставници од локалната власт, како и амбасадорот на Индија, Н.Е. Санџај Рана.
Заменик претседателот на Управен Одбор на МСУ, м-р Борче Серафимовски, оствари средба со амбасадорот на Индија, Н.Е. Санџај Рана на која се разговараше за соработката помеѓу МСУ и индиските универзитети.
МСУ веќе има соработка со Универзитетот во Чандигар, Индија, а во иднина сме во план да ја продлабочиме соработката. Ректорката на МСУ, проф. д-р Ленче Петреска, и годинава ќе учествува на Global Education Summit 2022 кој ќе се одржи во Чандигар, Индија во октомври.