На 19 декември дел од вработените на Меѓународен Славјански Универзитет го посетија Дневниот центар за лица со посебни потреби во Свети Николе по повод роденденот на центарот и празникот Свети Никола.
За време на нивната посета корисниците на Дневниот центар спремаа изведби на македонски песни, а потоа од страна на нашите вработени беа поделени новогодишни пакетчиња. Топлата атмосфера ги остави сите присутни со насмевки на лицето.