Свеченото отворање на Фестивалот на руската култура во Свети Николе
19 декември 201395 години од постоењето на нашиот партнерски универзитет од Тамбов, Русија
27 декември 2013Во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет во Битола, на 18.12.2013, среда, се одржа јавна трибина на тема „Влијанието на загадувањето во Битола“. Трибината беше организирана од форумот на млади и СЕГА младинската коалиција.
Оваа тема во моментов е во центарот на вниманието на македонската јавност, бидејќи во последно време нивото на загаденост во повеќе македонски градови, вклучувајќи го и нашиот главен град, е многу над границите на дозволеното.
Лекарите тврдат дека загадувањето може да доведе до сериозни последици по здравјето на човекот и дека кон него треба да се пристапи како кон сериозен проблем. „Загадениот воздух влегува преку дишните патишта и ги оштетува белите дробови. Белодробниот карцином е на многу високо ниво” – изјави д-р Рената Раденков, специјалист по радиотерапија – Онкологија.
„Во нашата држава има многу заболени од рак и најмногу страда машкиот пол. Ако се земе на седмично ниво, секоја недела во одделението за Онкологија има минимум двајца заболени од белодробен карцином” – изјави д-р Рената Раденков.
Погледнете го прилогот од телевизија Тера