Успешно се одржа првиот ден од Деновите на психологија

Киноверзум подарува 50 влезници за филмот Кајмак
24 ноември 2022
М-р Борче Серафимовски учествуваше на настанот „Младите и соработка во образованието“
25 ноември 2022

Успешно се одржа првиот ден од Деновите на психологија

На 24.11.2022 на Факултетот за психологија во Битола се отворија Деновите на психологија на МСУ со панел дискусија на тема „Врсничка едукација-ефикасна алатка за промовирање на здравјето и здравото однесување на децата и младите“. Панел дискусијата ја отворија проф. д-р Анита Ристеска, декан на Факултетот за психологија при МСУ и доц. д-р Ана Чучкова, основач на Денови на психологијата.

Модератор на настанот беше доц. д-р Горица Поповска Налевска од Факултетот за психологија при МСУ. Како панелисти ја имавме честа да говорат психолози, претставници од институции кои директно работат со деца и млади почнувајќи од периодот на ран детски развој па се до високото образование: доц. д-р Мирјана Јовановска Стојановска, претседател на комората на психолози, м-р Марина Кузмановска ЈОУДГ „Бамби“, Жанета Ристевска психолог во ОУ „Св. Кирил и Методиј“, м-р Марија Младеновска Димитровска психолог во СОУ „Таки Даскало“, проф. д-р Сашо Кочанковски, доц. д-р Вангелица Гаврилова и доц. д-р Слаѓана Анѓелковска, професори на Факултетот за психологија при МСУ.



Деновите на психологија на МСУ прерасна во успешна традиција и настан препознатлив за нашиот факултет со кој заеднички придонесуваме кон развојот на научната мисла, разменуваме идеи, искуства и позитивни практики пренесени од психолозите, а воедно и ја афирмираме значајноста на професијата психолог пред пошироката научна и опшествена јавност. Настанот беше од отворен карактер со присуство на студенти, психолози од разни институции, љубители на психологијата кои интерактивно учествуваа со свои прашања, предлози и искуства.

Здравјето е најголема вредност на секој млад човек и најважен ресурс на нашето општество. Младите можата да изберат и да водат здрав начин на живот, што подразбира активна улога на секој млад човек во зачувување на своето здравје, одговорно однесување кон себе, кон другите и животната средина во која опстојуваат и и го градат нивниот живот. Со денешната панел дускусија успеавме да пренесиме што значи здраво однесување и да пренесеме ефикасни алатки како да го поттикнеме и подобриме здравото однесување кај децата и младите.

Со панел дускусија беа опфатени теми кои се однесуваа на менталното здравје и благосостојба на децата и младите, образованието и здравото однесување – алатки за детектирање на насилство кај децата и младите, врсничката едукација и идентитетски кризи во периодот на адолесценција, асертивната приврзаност и здравото однесување.