Четири вработени од Високата школа за безбедност и економика (ВУСИ) од Пловдив во посета на МСУ во рамки на Еразмус+ програмата
12 декември 2023Во Св. Николе започна краткотрајниот интензивен курс “Global Perspectives on Inclusive Education: Strategies for Building Diverse and Equitable Learning Environments”
17 декември 2023На 6 и 7 декември 2023 година се одржа Осмиот меѓународен филозофски дијалог: „Исток-Запад“ во организација на МАНУ, Меѓународен Славјански Универзитет, Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Филозофското друштво на Македонија.
„Филозофијата и глобалните проблеми“ беше главната тема на осмиот Меѓународен филозофски дијалог „Исток-Запад“ кој се одржа онлајн а учествуваа 15 филозофи и истражувачи од седум земји: Романија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, САД, Грција и Македонија.
Меѓународниот филозофски дијалог „Исток-Запад“ за првпат се одржа во 2015 година, кога по предлог на британскиот филозоф Стивен Прист беше организиран првиот тридневен симпозиум на тема „Наука и религија“.
Во годините кои следеа беа обработени повеќе теми:
- „Правото меѓу политиката и етиката“ (2016),
- „Филозофија на образованието & филозофија во образованието“ (2017),
- „Биоетиката на крстопат“ (2018),
- „Кризата на идејата за Европа“ (2019),
- „Филозофија на меморијата“ (2021),
- „Наследството на античката филозофија како мост меѓу Исток и Запад“ (2022).