Упатство за електронска пријава за испит за сесија во август 2021

Повик за учество на Еразмус+ младинска размена во Романија од 22 август • Tolerance and Harmony Through Film and Photography
12 август 2021
Повик за учество на Еразмус+ младинска размена во Романија од 1 септември • Promoting Inclusion аnd Employment Trough Art
15 август 2021

Упатство за електронска пријава за испит за сесија во август 2021

Почитувани студенти,

пријавувањето на испитите зa испитната сесија во август ќе се одвива целосно електронски преку системот Е-школарина. Пријавувањето на испитите ќе започне од 16.08.2021 и ќе трае до 21.08.2021 година. Полагањата започнуваат од 24.08.2021.

Максималниот број на испити што можат да се пријават е 5.

Купувањето на пријавата е конечно. Сите студенти кои имаат неподмирени обврски за тековната студиска година согласно договорот за студирање нема да бидат во можност да го полагаат испитот. Доколку не сте сигурни за статусот можете да ја контактирате студентската служба во Свети Николе на телефон +389 32 440 330 и во Битола на телефон +389 47 222 503 за повеќе детали.

Во прилог е упатството за пополнување на електронска пријава за испит. Доколку имате технички прашања во врска со пријавувањето, Ве молиме обратете се во Службата за Е-учење на eucenje@msu.edu.mk или на +389 78 295 567.


Чекор 1


Кликнете на линкот за поднесување на пријава.


Чекор 2


Изберете го потребниот број на предмети (од 1 до 5, зависно колку предмети сакате да полагате) и кликнете на копчето Во Кошничка.

 


Чекор 3


Откако ќе биде додадена пријавата во кошничка кликнете на НАПЛАТА.

 


Чекор 4


Пополнете ги податоците за предметите, изберете го полето Ги прочитав и се согласувам со условите и правилата и кликнете УПЛАТА. Откако ќе кликнете на УПЛАТА ќе бидете пренасочени кон страницата на Халк Банка за безбедно плаќање каде ги внесувате податоците од платежната картичка и по успешно плаќање системот ве пренасочува назад кон страницата за комплетирање на нарачка.

Доколку има некаков проблем со пријавата, нашите служби ќе Ве контактираат.