Повик за учество на Еразмус+ младинска размена во Романија од 1 септември • Promoting Inclusion аnd Employment Trough Art

Упатство за електронска пријава за испит за сесија во август 2021
15 август 2021
Ајфер Ондаш и Намик Кемал Ондаш од Универзитетот Фират од Елазиг во посета на МСУ во рамки на Еразмус+ програмата
19 август 2021

Повик за учество на Еразмус+ младинска размена во Романија од 1 септември • Promoting Inclusion аnd Employment Trough Art

Почитувани студенти,

Здружението на студенти при Меѓународен Славјански Универзитет објавува повик за младинска размена во Романија за Еразмус+ проектот насловен “Promoting Inclusion And Employment Trough Art”.

Младинската размена ќе започне на 1 септември 2021, а ќе трае до 10 септември 2021.

Организатор на младинската размена е Kreativ Research Association од Романија.

Овде преземете го документот со информации.


Колку учесници се потребни?


Потребни се вкупно 10 учесници.

Учесниците можат да бидат на возраст од 18 до 30 години и треба да имаат познавање на англиски јазик.


До кога е пријавувањето?


Можете да се пријавите најдоцна до 18 август 2021.

По пријавувањето ќе бидете контактирани од нашите служби за повеќе детали.


Што е обезбедено?


  • Трошоците за сместување и храна се покриени за сите учесници за времетраење на младинската размена.
  • Патните трошоци се покриени.

Како да аплицирате?


Пополнете ја формата во прилог и ние ќе Ве контактираме наскоро.

За дополнителни прашања Ве молиме обратете се на info@zs.msu.edu.mk