Повик за учество на Еразмус+ младинска размена во Романија од 22 август • Tolerance and Harmony Through Film and Photography

Покана за обука на тема „Заштита при работа со опасни супстанци“
12 август 2021
Упатство за електронска пријава за испит за сесија во август 2021
15 август 2021

Повик за учество на Еразмус+ младинска размена во Романија од 22 август • Tolerance and Harmony Through Film and Photography

Почитувани студенти,

Здружението на студенти при Меѓународен Славјански Универзитет објавува повик за младинска размена во Романија за Еразмус+ проектот насловен “Tolerance and Harmony Through Film and Photography”.

Младинската размена ќе започне на 22 август 2021, а ќе трае до 31 август 2021.

Организатор на младинската размена е CENTRUL DE RESURSE PENTRU REGENERARE URBANA од Темишвар, Романија.

Овде преземете го документот со информации.


Колку учесници се потребни?


Потребни се вкупно 7 учесници.

Учесниците можат да бидат на возраст од 18 до 24 години и треба да имаат познавање на англиски јазик.


До кога е пријавувањето?


Можете да се пријавите најдоцна до 16 август 2021.

По пријавувањето ќе бидете контактирани од нашите служби за повеќе детали.


Што е обезбедено?


  • Трошоците за сместување се покриени за сите учесници за времетраење на младинската размена (La Padure Hostel, Brebu, Romania). Собите се 2-4 креветни. Секоја соба има сопствен тоалет.
  • Патните трошоци се покриени.

Како да аплицирате?


Пополнете ја формата во прилог и ние ќе Ве контактираме наскоро.

За дополнителни прашања Ве молиме обратете се на info@zs.msu.edu.mk