Изминатата година Меѓународен Славјански Универзитет беше домаќин на рекорден број Еразмус+ студенти. Помеѓу нив беа и Угур Ихсан Каја и Хавиер де Висенте, студенти кои дојдоа на Еразмус+ мобилност за студенти. Угур Ихсан Каја студираше еден семестар на додипломските студии на Факултетот за информатика при МСУ, додека Хавиер де Висенте студираше цела академска година на додипломските студии на Факултетот за информатика при МСУ.
Студентите беа присутни на сите предавања, испитите ги полагаа со физичко присуство на кампусот во Свети Николе и беа во константна комуникација со професорите и вработените во Канцеларијата за меѓународни односи при МСУ.
Студентите на Меѓународен Славјански Универзитет исто така имаат можност да поминат по еден семестар на некој од европските универзитети во рамки на Еразмус+ програмата.