На 01.12.2017 во Sky Bar Hotel Russia учесниците кои ја претставија Северна Македонија на 19-тиот Светски фестивал на млади и студенти остварија средба со Амбасадорот на Руската Федерација во Р. Северна Македонија, Н.Е. Олег Шчербак.
На средбата учесниците ги пренесоа своите искуства од фестивалот и го изразија своето задоволство што им беше укажана можноста да бидат дел од овој неверојатен настан.
Значаен придонес во подоготовката на македонската делегација даде и Амбасадата на Руската Федерација во Р. Северна Македонија, за што учесниците му врачија Благодарница на Амбасадорот на Руската Федерација во Р. Северна Македонија, Н. Е. Олег Шчербак.