Денес во Mayberry Highway во Свети Николе се одржа свеченост по повод пензионирањето на проф. д-р Шеќеринка Ивановска, професор и поранешен Декан на Факултетот за економија и организација на претприемништво кој работи во склоп на Меѓународен Славјански Универзитет.
Пригодните подароци по повод пензионирањето на проф. д-р Шеќеринка Ивановска од колективот и универзитетот ги врачи ректорката на МСУ, проф. д-р Ленче Петреска.
На свеченоста присуствуваа професори од Факултетот за економија и организација на претприемништво и дел од раководството на универзитетот.